ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Модуларната болница во Тетово останува под клуч поради утврдените пропусти

Иако беше најавено дека по пет дена ќе се отвори модуларната болница за Ковид во Тетово, вратата останува затворена, бидејќи инспекторатот наиде на бројни пропусти при изградбата на овој објект. Беа дадени пет дена да се отстранат пропустите, сепак, дури и по седум дена оваа болница продолжува да не работи.

Клиничката болница во Тетово тврди дека компанијата не дошла да ги поправи дефектите, затоа бараат тужби против градежниците.

„Пред пет минути го информирав Министерството за здравство дека не дошле да поправат некои недостатоци кои се предвидени во записникот за примо- предавање. Тужбата треба да ја поднесе Министерството .Во моментов имаме тендерска фаза за централно снабдување со кислород, во четврток завршува и за два-три дена ќе започнеме затоа што министерството го внесе овој објект во приоритетните бидејќи Тетово е најавено како регионален центар за ковид”, рече Артан Етеми- економски директор на клиничката болница, Тетово.

Нуредини, раководител на Ковид центарот во Тетово, вели дека кога било повеќе од потребно, тие немале пристап до модуларната болница.

„Ние како клиника, бидејќи бројот почна да се намалува, не направивме никаков притисок како поголема болница, но гледам дека има некои мали административни пречки кои сè уште не се избегнати“, вели Гезим Нуредини- одговорен за ковид центар во Тетово.

Покрај модуларната болница, во Тетово имаше доцнење и со почетокот на вакцинацијата на населението.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button