ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МОФ: Пари во образованието има, но проблем е како се трошат

МОФ: Пари во образованието има, но проблем е како се трошат

Додека земјата тоне на секое меѓународно мерење за квалитетот на образованието, а според ПИСА, најголем дел од учениците во земјава до 19 години не го достигнуваат основното ниво, министерот за образование и наука Јетон Шаќири не стигнува на сите средношколци да им го обезбеди најосновното за непречено одвивање на образовниот процес, учебниците.
Шаќири вчера во телевизиска дебата призна дека земјава нема доволно пари да обезбеди учебници за сите предмети и се „пожали“ дека се работи за многу предмети.

„Според податоците што ги имам сега, не верувам дека со книги можеме да го покриеме стручното образование бидејќи се работи за многу предмети. Всушност, за средните училишта немаме за сите предмети“,рече Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Денес Шаќири одби да даде дополнителни информации за АЛСАТ во врска со оваа изјава која што предизвика многу реакции .ЗА Петар Барлаковски од Младинскиот Образовен форум, проблемот не е немањето пари, туку како и за што се трошат.

Со закон, државата е обврзана на сите ученици да им обезбеди квалитетно образование бесплатно. Барлаковски додаде дека не треба ни да се помисли да се вратиме на претходниот метод кога се плаќаа книгите.
Потсетуваме дека Образованието беше и во „центарот“ на критиките од Меѓународната заедница. И во годишниот извештај на Европската комисија земјава беше оценета како умерено подготвена на ова поле. Според ЕУ, јавните трошоци за образование и обука и понатаму се далеку од просекот на ЕУ.

Во Македонија има ученици кои немаат пристап до квалитетно образование, некои немаат книги, а оние кои се достапни се со многу грешки./Алсат.мк
Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button