ЕКОНОМИЈА

Мојсоска Блажески: Контрола на сивата економија за зголемување на приходите во буџетот

Има доволно простор за зголемување на приходите во буџетот, а едно од нив е намалување на сивата економија, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, универзитетската професорка Никица Мојсоска Блажески.

„Мислам дека има доволно простор за да се зголемат приходите во буџетот. Тука повторно ќе ја споменам сивата економија и мислам дека со силни заложби за намалување или формализација на сивата економија може многу да се постигне. За жал, во периоди коишто се кризни, од Ковид пандемијата да по денес, носителите на политиките веројатно сметаат дека не е вистински момент да ја стегнете економијата и да се извадат тие пари коишто неформално кружат“, вели проф. Мојсоска Блажески.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button