ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Молк во Министерството за финансии за продажбата на дел од имотот на АЛСАТ

Министерството за финансии продолжува да молчи за одлуката за јавна продажба на имотот на телевизија Алсат и покрај неправилностите што ги потврдија и Државното правобранителство и Агенцијата за катастар. Од ова министерство денеска не одговорија на поставените прашања да дадат оценка за ставовите на двете надлежни институции кои потврдија дека согласноста за јавна продажба на дел од имотот на Алсат е дојдена поради институционални пропусти, поточно поради ненавремено евидентирање на хипотека од 1997 година од страна на судот.

Од ресорот на Фатмир Бесими денеска не ги коментираа ставовите на експонентите на власта кои констатираа дека ваквата правна несигурност во земјава ја загрозува бизнис-климата на домашните и странските инвеститори.

Минатата недела државниот правобранител, довереник на Министерството за финансии, во изјава за Алсат нагласи дека прегледот на имотните листови пред барањето за извршување и јавна продажба е во надлежност на Финансии, а од друга страна Агенцијата за катастар ги обвини судските органи за непостапување согласно законот при пренос на податоци од јавните книги.

Хипотеката наследена од фирмата „Еуро продукт“ која во 1993 година за свои потреби земала кредит во Стопанска Бана Скопје, со главна филијала во Куманово. Но, поради неплаќање завршила на суд во 1997 година, но хипотеката не била евидентирана во ниеден имотен лист дури и при договорот за купопродажба. Но, таа била активирана во 2013 година, а во 2016 година компанијата ВЕВЕ Груп, сопственик на Алсат, ја добива тужбата.

Во 2022 година предметот е активиран за јавна продажба од Министерството за финансии, по што „ВЕВЕ Груп“ и Алсат повторно го добиваат случајот со ставање на механизмот за јавна продажба под привремена мерка, но неколку денови подоцна Апелациониот суд ја укинува оваа мерка и дел од имотот на Алсат на почетокот на март го става на јавна продажба.

Оваа одлука, за која постои сомневање дека е политички мотивирана, факт што е нагласен и во реакцијата на компанијата „ВЕВЕ Груп“, ја натера оваа компанија и Алсат да се обратат до дипломатските претставништва во земјава поради загриженост од политички притисок и тенденција за нанесување штета врз Алсат во вршењето на нејзината самостојна дејност. /Алсат.мк

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button