ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МОН: Промена која носи квалитет и напредок на образованието, не смее да биде причина за бојкот на настава

Новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали кој е современо решение базирано на глобални образовни стандарди и кој значително ќе ја унапреди наставата, интеракцијата помеѓу наставниците и учениците, ќе го намали обемот на домашните задачи и работата на родителите и старателите со учениците и ќе донесе подобрување на севкупниот квалитет на националниот образовен систем, не смее да биде причина за бојкот на наставата, наведуваат денеска од Министерството за образование и наука.

Реакцијата доаѓа по информациите дека учениците од одредени средни училишта се организираат да ја бојкотираат наставата.

Министерството за образование и наука упатува апел до нив и до нивните семејства, да продолжат да учествуваат во воспитно – образовниот процес, кој треба да биде нивна единствена грижа и интерес. Во спротивно, додаваат од МОН, отсуството од часови и настава значи загубено време и знаење кое понатаму тешко се надоместува.

Во меѓувреме, од Унијата на средношколци, во изјава за МКД.мк, велат дека тие немаат донесено одлука за бојкот на наставата и оти организацијата е информирана утрово дека во некои училишта има прекин во наставата како резултат на незадоволство од најавеното воведување на дигитални учебници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button