ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МОН регистрира неправилности во универзитетот на Мерко

Министерството за образование откри повеќе нерегуларности на Меѓународниот универзитет во Струга, но деталите за нив, министерката Весна Јаневска вели дека ќе ги појасни кога постапките ќе бидат конечни. Јаневска за Алсат вели дека во моментов под надзор се двата институти кои функционираат во рамките на овој универзитет.

Оваа изјава Јаневска ја даде за Алсат, ден по расправата во Собранието, каде што Комисијата за избори и именувања донесе одлука за разрешување на директорот на Агенцијата за квалитет на високото образование Расим Зуфери. Заклучено е дека за време на неговиот мандат, Агенцијата, и покрај нерегуларностите, дозволила започнување со работа на Факултетот за медицински науки при Меѓународниот универзитет во Струга, познат во јавноста како Универзитет на Мерко. Одлуката поминала и на Влада во периодот на министерот Јетон Шаќири, само неколку дена пред крајот на мандатот на владата на СДСМ и ДУИ.

Министерката Јаневска вели дека  Агенцијата не направила пропуст само за овој универзитет. Според неа, оваа многу значајна агенција е целосно нефункционална.

Одборот за акредитација и Одборот за евалуација на високообразовните институции се во надлежност на Агенцијата за квалитет на високото образование. Според Јаневска, одборот за евалуација од своето формирање нема направено евалуација на ниту една институција или студиска програма.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button