КОШАРКАСПОРТ

Морент со трипл-дабл го растури Лос Анџелес Лејкерс

ЛА Лејкерс без Леброн Џејмс немаа никакви шанси за победа во дуелот со Мемфис и Морент. Мемфис славеа со 121:109, а Морент забележа трипл-дал со 39 поени и по 10 скока и асистенции. Морент 28 поени уфрли во третата четвртина.

Адетокумбо го предводеше Милвоки до победата во Бруклин 118:104. Гркот забележа 33 поени и 15 скока. Во февруари, Милвоки Бакс одиграа 10 натпревари и забележаа исто толку победи.

Индијана Пејсерс во драматичен меч ги победија Далас Маверикс со 124:122.

Далас со Дончиќ и Ирвнг на теренот одиграа пет натпревари, забележаа само една победа. Роденденскиот дуел меѓу Лука Дончиќ и Тајрис Халибартон му припадна на младиот американски плејмејкер. Лука Дончиќ забележа 39 поени, 8 скока и 6 асистенции, додека Халибартон имаше 32 поени, 7 скока и 6 асистенции.

 

НБА, резултати:

Атланта – Вашингтон 116:119

Бруклин – Милвоки 104:118

Мемфис – Л.А. Лејкерс 121:109

Торонто – Чикаго 104:98

Хјустон – Денвер 112:133

Оклахома – Сакраменто 117:123

Далас – Индијана 122:124

Јута – Сан Антонио 94:102

Голден Стејт – Портланд 123:105

ЛА Клиперс – Минесота 101:108

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button