ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МПЦ-ОА замолува за достоинствено однесување на погребите на загинатите во пожарот во Кочани

Од Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-OA) упатуваат апел за достоинствено и христијанско однесување за време на денешниот ден кога ќе бидат погребите на 59 загинати од пожарот во Кочани.

Advertisements

Од МПЦ-ОА велат дека на погребот во Кочани, кој е закажан за 12 часот, ќе чинонаначaлствува архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, а со него на опелата ќе сослужуваат и повеќе владици.

Погреби ќе има на повеќе места, како Скопје, Кочани, Штип, Чешиново-Облешево, Македонска Каменица.

Синодот на МПЦ-ОА во неделата по трагедијата соопшти дека иако е невозможно да се најдат човечки зборови за утеха, сепак, утеха на семејствата и блиските, но и на сите нам, нека ни биде верата дека споменот на праведниците е вечен и дека тие вечно ќе постојат во Вечноживиот Бог.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а 178 се повредени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button