ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Муареми не се чувствува виновен за незаплената на имотот на Кочан

Директорот на Управата за финансиска полиција во вечерашното интервју во „Економски магазин“ на Алсат вели дека нема одговорност во случајот Труст, за што против него беше поднесена кривична пријава. Муареми открива дека го известил јавното обвинителство дека води нова самостојна истрага за тоа кој ја забавил конфискацијата на имотот на Трансмет.

„За брзо време ќе се докаже и начинот како е дојдено до стечајот на Трансмет, кои се главните играчи, кои овозможија да се крева волкава паника, и имотот на Трансмет да не може да се конфискува. А, тоа не е точно, дел од имотот, односно недвижниот имот на Трансмет веќе е запишан на име на сопственост на државата“, рече Муареми.

Државниот правобранител Фехми Стафа поднесе кривични пријави до Обвинителството. Тој покрај Муареми, ги обвинува обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски дека на бизнисменот Сеад Кочан кој ја поседуваше фирмата „Трансмет“ со непостапување, му овозможиле на Кочан да ја заобиколи конфискацијата на имотот, кој го ставил под банкарска хипотека. Со ова, државата не може да земе ниту денар од 17-те милиони евра, имот кој требаше да се конфискува во случајот „Труст“ на СЈО.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button