СПОРТФУДБАЛ

Мумед Сејдини реизбран за претседател на Фудбалската Федерација на Македонија

Муамед Сејдини, беше реизбран за прв човек на Фудбалската федерација, но овој пат со мандат до 2025 година. Сејдини доби поддршка од 52 делегати, од вкупно 96 запишани на Собранието на ФФМ. Првите честитки дојдоа од УЕФА и ФИФА.

„Муамед е единствениот номиниран кандидат и честитки за мојот драг пријател отсега натаму. Направи добра работа и секако дека ќе продолжиш да го правиш тоа со твојот тим на одличен начин во иднина“, изјави Џани Инфантино, Претседател на ФИФА.

Минатата недела капитенот на репрезентацијата Горан Пандев беше против начинот на кој се води ФФМ и побара смена на раководните лица. Сејдини денеска имаше одговор на тоа.

„Го ценам нивното мислење, но Фудбалската федерација и јас како претседател и членови на Управниот одбор ќе продолжиме да работиме и ќе им посакаме на сите фудбалери, без разлика кој е за или против федерацијата, добро здравје и пред сè да продолжиме со успесите и победите со првата репрезентацијата и сите други репрезентации“, рече Муамед Сејдини, нов претседател на ФФМ.

Вчера, Агенцијата за млади и спорт преку соопштение за јавноста изјави дека не го признава како легитимно Изборното собрание на ФФМ, поради неконзистентноста на статутот на ФФМ со Статутот за спорт. Но, и покрај ваквите најави, заменик директорот на Агенцијата, Авни Рустеми и генералниот секретар на Олимпискиот комитет, Сашо Поповски денеска беа присутни на Собранието на ФФМ. Сејдини е реизбран со нов мандат во ФФМ со предлог на Фудбалскиот сојуз на Кичево, додека доби поддршка од уште 20 други фудбалски сојузи. Во меѓувреме, отсуствуваа делегатите од Фудбалските сојузи на Струмица, Кочани и Тетово, кои не се согласуваат со досегашната работа на ФФМ.

Махир Тачи

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button