ЕКОНОМИЈА

Муртезани: Субвенциите треба да се спроведуваат согласно законските можности

Законските регулативи оневозможуваат Владата да субвенционира приватни компании, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани. Говорејќи на таа тема Муртезани вели:

„Сакам да ги уверам бизнис заедницата и граѓаните дека Владата е потполно свесна за реперкусиите коишто компаниите ги трпат од порастот на цените на електрична енергија, меѓутоа, поддршката треба да оди преку законските можности. Директно субвенционирање од страна на Владата на приватните компании е оневозможено поради еден сет од закони“, вели Муртезани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button