ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муслиманските верници денеска го слават празникот Курбан Бајрам

Денеска наутро муслиманските верници се собраа во сите џамии низ земјава. Утринската молитва го означи почетокот на празникот Курбан Бајрам. Главната церемонија се одржа во Мустафа Пашината џамија во Скопје, каде покрај во внатрешниот дел, верници имаше и надвор. Поглаварот на Исламската верска заедница во својот говор повика на добрина.

„Почитувани верници, браќа и сестри, го живееме големиот празник Курбан Бајрам, празник кој носи голема радост за сите нас, на нашите семејства и на сите муслимани во земјата и пошироко. Курбан Бајрам е голем празник со историско значење за човештвото и за верниците“, изјави Реис Шаќир Фетаху, поглавар на ИВЗ.

Според традицијата, остатокот од денот е проследен со семејни посети. За разлика од лани, оваа година властите не воведоа ограничувачки мерки за одењето на гости и за молитвите во џамиите.

„Да го зајакнеме мирот меѓу нас и да го отстраниме злото од целиот свет, да имаме трпеливост за искушенијата во овој живот. Нека Алах нè благослови со своите бесконечни благодети. За многу години и честит Курбан Бајрам“, рече Реис Шаќир Фетаху, поглавар на ИВЗ.

Честитки испратија сите лидери на политички партии и институции во земјава.

Аднана Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button