ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муслиманските верници низ Македонија го слават Рамазан Бајрам

Во раните утрински часови сите врати на џамиите во земјава беа отворени чекајќи ги муслиманските верници за бајрамската молитва. Со завршувањето на оваа обврска, верниците си го честитаа празникот со разни желби, многу од нив за завршување на пандемијата. Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху апелираше до верниците претстојните денови да ги поминат убаво, но со почитување на заштитните мерки против корона вирусот.

„Повторно да продолжат да се придржуваат до сите мерки што се предвидени за превенција од оваа опасна болест. Ние ќе се придржуваме кон правилото, почитување на мерките сè до моментот кога надлежните тела, светските и домашните институции не го кажат својот конечен став. Затоа и денеска апелирам до сите верници да уживаат во овој голем ден, да ја изразат својата љубов кон своите семејства кон верниците воопшто, но со голема грижа, бидејќи мора да продолжиме да даваме свој придонес“, рече Шаќир Фетаху-поглавар на ИВЗ.

Централната манифестација на Рамазан, односно Фитр Бајрам се одржа во Мустафа Пашината џамија во Скопје. Овој празник се слави еден ден по крајот на месецот Рамазан. Она што го карактеризира е хуманоста. Задолжително за муслиманите е да дадат зекат, односно милостина. Секој муслиман треба за сиромашните да одвои 2,5% од она што ќе го заработи во текот на годината.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button