ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мутација на корона вирусот наречена „Омикрон“ се предвидува дека е многу пати позаразна во споредба со претходните мутации

Новинар: Вјолца Алити

Најновата мутација на корона вирусот наречена „Омикрон“ се предвидува дека е многу пати позаразна во споредба со претходните мутации. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека е рано да се каже повеќе за мутацијата. Дали ќе има дополнителни мерки за спречување на овој вид во земјава, Филипче рече дека ќе се разговара во понеделник на редовната седница на Комисијата за заразни болести.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека е рано да се каже повеќе за мутацијата. Дали ќе има дополнителни мерки за спречување на овој вид во земјава, Филипче рече дека ќе се разговара во понеделник на редовната седница на Комисијата за заразни болести.

“Станува збор за нова мутација на вирусот која се нарекува „Омикрон“ тука е сомнежот дека може да биде многу позаразен од другите мутации од сите досегашни мутации. Меѓутоа, имавме и многу други мутации кои не се рашириле до сега. Имаше и други сценарија на пример за типот Dellta. Но, сите овие прашања ќе бидат разгледани во понеделник на седница на Комисијата за заразни болести“, изјави Венко Филипче, министер за здравство”, вели Венко Филипче, министер за здравство

Новата мутација првпат е откриена во Јужна Африка и она што досега е познато е дека оваа мутација има поголем ризик од повторна инфекција и дека се шири многу побрзо. Здравствените власти во земјава нагласуваат дека единствен спас од сите мутации е вакцинацијата. За да се зголеми процентот на вакцинација ќе се предложат стимулативни мерки.

„Ќе и предложиме нова мерка на Владата. Тоа е дополнителна стимулација за матичните лекари. Имено, матичните лекари треба финансиски да се стимулираат кога ќе надминат 70% од вакцинираните пациенти, од вкупниот број на нивни пациенти да бидат наградени со 30 денари по глава на пријавениот пациент. Има некои други аспекти кои треба да се видат, но мислам дека тоа е предлогот што ќе го претставиме на Владата во вторник“, рече Венко Филипче, министер за здравство

Ова доаѓа неколку дена откако Владата не ги прифати предложените мерки на КЗБ со кои се предвидуваше задолжително вакцинирање на сите вработени во државната администрација како и на вработените во здравството, а во спротивно да се направи ПЦР тест најмалку во последните 72 часа кој би го платиле од свој џеб. Мерките беа отфрлени и по бројните реакции од синдикатите. Досега само 38% од населението во земјава е вакцинирано со две дози, а потребно е да бидат вакцинирани 80-90% од населението за да се постигне колективен имуни. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button