ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мутацијата Делта продолжува да се шири во земјата, ррегистрирани се 5 нови случаи

За една недела во Скопје се пријавени пет нови случаи на Делта вирусот во земјата. Регистрирани се три случаи во Тетово и по еден во Скопје и во Куманово. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека ширењето на Делта сојот може да се прекине само преку вакцинацијата.

Податоците во регионот на Европа, но и во светот покажуваат дека најголем процент од новозаразените со Делта сојот се невакцинирани, но соовој вид на вирус може да се заразат и вакцинираните, но тие го прележуваат многу полесно.

За да се постигне колективен имунитет потребно е да се вакцинираат околу 80% од населението. Досега 27,5% од граѓаните во земјата биле вакцинирани со најмалку една доза. Најновите анализи на Министерството за здравство покажуваат дека најголем процент на вакцинирани има во Кавадарци 43,5%, следен е Охрид со 42,9% и Гевгелија со 41%. А најнизок процент на вакциниран има во Кичево, Тетово, Дебар.

Од вчера почна и вакцинацијата на децата на возраст од 12-17 години. Од досега 1800 пријавени, 500 од нив ја примиле првата доза на вакцината Фајзер.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button