МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Извештајот на Стејт Департментот потврдува дека во земјата има распространета корупција

Извештајот на Американскиот Стејт Департмент за инвеститициската клима во Република Македонија за жал го потврдува она што веќе подолг временски период го забележуваат голем број меѓународни владини и невладини организации, а тоа е  дека – Македонија е земја со распространета корупција и земја која создава непредвидливи услови за странски инвестиции, рече денеска Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

Во споменатиот извештај покрај другото е нотирана фактичка состојба согласно која:

-Спроведувањето на антикорупциските закони на моменти е слабо, при што селективно се таргетираат критичари на власта и престапници од низок калибар. Има кредибилни обвинувања за корупција во полицијата, обвинителството, судството и многу други државни сектори.

-Законите не се пишуваат врз основа на статистички податоци или анализи и најчесто се донесуваат со користење на скратена постапка. Во извршувањето и на законите недостасува универзалната имплементација, што претставува проблем за бизниснот и граѓаните;

-Бизнисисот се жали за долги и скапи трговски спорови, кои се предмет на судски систем што создава правна непредвидливост;

-Примената на договорите и перцепцијата за не-транспараетни јавни набавки останува предизвик за бинисот, рече меѓудругото Муцунски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button