ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Музичари, шминкери, фотографи протестираа во Скопје

Угостители, музичари, фотографии, вработени во студија за декорации, слаткарници, цвеќарници, шминкерници и во останати дејности поврзани со организирање на свадбени прослави ја блокираа раскрсницата во населбата Автокоманда во Скопје. Бараат владата итно да им дозволи да работат, односно да организираат свадбени и слични прослави под строги протоколи. Се жалат дека цела година се без остварен приход, но велат дека на вработените редовно им давааат плата.

„Апелираме на донесување на протокол со временска динамика кој е од исклучително значење за идните младоженци, но и за нас и сите комплементарни дејности. Споредбено со регионот, ние сме единствена земја која не доби протокол за организирани настани цела година, а поддршката субвенционирање на плати и придонеси, како и еднократен грант е убедливо најниска дирктна помош во нашиот сектор во регионот“, рече Перица Голомеиќ – претставник на угостителите.

Министерот за економија Крешник Бектеши на новинарско прашање за протестот на организаторите на семејни веселби се прогласи за ненадлежен иако угостителскиот сектор е под негова надлежност, но вели последниот збор за протоколите за работа го има Комисијата за заразни болести. Од Комисијата пак, за Алсат велат дека ја следат епидемиолошката состојба и врз основа на истата ќе дадат препораки за измена на протоколи.

„Во моментов важат последните донесени протоколи сè додека не се увиди потреба за промена на истите. За сите нови измени во протоколите, јавноста е навремено информирана“, велат од Комисијата за заразни болести.

Денешниот протест беше од 14 до 17 часот. Влезот на Скопје беше комплетно парализиран. Ист ваков протест денеска беше одржан и во Гостивар. Од понеделник најавија секојдневни протести во сите градови низ Македонија се додека властите не ги исполнат нивните барања.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button