ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР: 32 прекршувањa на забраната за движење, 564 санкции за неносење маска

Од 22 часот (13.03.2021) до 05 часот (14.03.2021) констатирано е дека 32 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (13/14.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 564 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button