ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР изрече 310 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 310 возачи.

Како што соопшти МВР, од нив, 29 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 111 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 199 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button