ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР со детали за синоќешниот инцидент во автобус на ЈСП

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека расправија поради место за седење е причина за синоќешниот инцидент во автобусот со број 51 на ЈСП во Кисела Вода. Во инцидентот се повредени двајца малолетиници коишто се скарале со друг малолетник поради местото за седење во автобусот. arabic casino

По вербалната расправија, едниот малолетник од село Моране извадил остар предмет сакајќи да го нападне малолетникот од село Студеничани. Не успеал во намерата и го повредил својот малолетен другар од село Студеничани, а се повредил и самиот. اون لاين كازينو

„По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници обезбедени се сите учесници во настанот. موقع المراهنات على المباريات За случајот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од Министерството.

Оттаму додаваат дека двајцата малолетници со посекотини на рацете биле пренесени во ГОБ „Наум Охридски“.

Инцидентот бил пријавен синоќа околу 19:33 часот, а околу 20 часот повредените малолетници биле примени во Градската болница. Едно лице било препратено на скопските клиники, додека другото на домашно лекување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button