ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР: Строго да се почитува забраната за движење во шума

Полицијата апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети кои подолго време изложени на сонце можат да предизвикаат пожар.

Од МВР информираат и за затекнати граѓани како се движат во шумски појас.

„На 05.08.2021 во 20.10 часот на репетитор Водно од страна на полициска патрола се затекнати три лица кои се движат во шумски појас и тие биле задржани во полициска станица, по што против нив е поднесен соодветен поднесок“, информира МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button