МАКЕДОНИЈА

МВР трага по сторителите на двојното убиство во Топанско Поле

Министерството за внатрешни работи истражува кои се мотивите за двојното убиство вчера вечерта во скопската населба Топанско Поле. Во 2 часот и 35 минути по полноќ во полиција била пријавено дека на улица „Македонско – Косовска бригада“ се слушнало пукање. Полициски службеници пронашле автомобил Циторен со скопски регистерски таблици и две лица кои не покажувале знаци на живот. Итна Помош констатирала смрт кај двете лица на возраст од 24 и 28 години и двајцата од Скопје.

Полицијата пронашла чаури од пиштол и автоматска пушка. Идентитетот на убиените е утврден додека по убијците, полицијата се уште трага.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button