ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР утврди родителска негрижа во случајот каде скопски обвинител натепа жена

Откако Алсат објави дека обвинител од скопското обвинителство физички нападнал 40 годишна жена, зашто дошла да го види внучето кое било оставено само дома без родителски надзор, дознаваме дека полицијата ќе поднесе известување до Обвинителството за родителска негрижа.

Социјални работници од Скопје, по анонимна пријава, утврдиле дека малолетното дете е само дома. Ѝ се јавиле на неговата тетка. Отишла да го земе. Таткото не бил дома, а мајката е почината. Но, наместо да го види внукот, добила ќотек. Дошол таткото со двајца адвокати и обвинител од скопското обвинителство. Ја нападнал обвинителот со закани по неа и нејзиното семејство. Преплашената жена пријавила во полиција, а била и на лекар каде ѝ е констатирано контузија на градниот кош по удар со тупаница, искубени прамени коса како и стерс и страв дека повторно може да ѝ се случи истото.

Настанот се случи на 10 – ти март во 22 часот, кога во сила стапи полицискиот час. Од Центарот за социјални работи Скопје веќе нѐ информираа дека преземаат мерки за заштита на детето, а социјални работници разговарале со него за да утврдат, колку време поминува само дома без родителска грижа.

Од обвинителството за Алсат со денови посочуваат дека за настанот очекуваат службена белешка од полицијата за потоа да одлучат како ќе постапуваат.

Според Законот за обвинителството предвидени се два вида на дисциплински мерки за обвинител – лесни и тешки. Минималната евентуална казна би била опомена и намалување на плата, а максимална разрешување од функцијата.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button