МАКЕДОНИЈА

МВР води истрага за насилните протести и за организаторите

Министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски најави најстроги казни за организаторите и учениците во насилните протести против францускиот предлог.

Најстроги казни за учесниците во насилните протести против францускиот предлог во Скопје најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во тек е оперативна обработка и истрага за организаторите на протестите, коишто синоќа излегоа од контрола, при што беа повредени 47 полицајци, приведени се 11 лица, од кои двајца малолетници, а предизвикана е и голема материјална штета.

Advertisements

„Сите добро знаеме кој стои зад протестите и кој повикуваше на нив. Тоа не е нешто тајно“, вели Спасовски, кој утринава заедно со раководството на МВР и БЈБ ги посетија хоспитализираните полициски службеници коишто беа потешко повредени за време на вчерашниот протест пред Собранието.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button