МАКЕДОНИЈА

За 73 отсто намален бројот на жртви на сообраќајниците во септември 2021

За 73 отсто е намален бројот на жртви на сообраќајниците во септември 2021, соопштија денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски и претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска. Во септември 2021 има четири жртви во сообраќајни несреќи, а во септември минатата 2020 година имало 15.

Според претседателката Кожуваровска, евидентно е дека кампањите што заеднички ги спроведуваат РСБСП и МВР даваат резултати.

-Заврши летната кампања која беше под мотото „Вози одморен“ која ја реализираа РСБСП И МВР. Оваа кампања придонесе за намалување на бројот на сообраќајни незгоди и намалување на бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди. Во септември 2021 има четири жртви во сообраќајни несреќи, а во септември минатата 2020 година имало 15. Задоволни сме бидејќи е намален бројот на сообраќајни незгоди и неколкукратно е намален бројот на загинати лица во сообраќајни, а ќе бидеме целосно задоволни кога бројот на загинати лица во сообраќајните незгоди ќе биде нула. РСБСП продолжува со планираните активности. Во  септември започна учебната година, а со тоа започна  и кампањата  „ Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, рече Кожуваровска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button