ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На 12 декември членството на СДСМ ќе го избере наследникот на Заев

Адријан Керими

На 12 декември СДСМ ќе се избере нов претседател. Одлуката на партиските органи за избори внатре во партијата доаѓа по оставката на Зоран Заев од првата позиција на СДСМ. Рокот за поднесување кандидатури и активно регистрирање на членството е до 3 декември.

Најспоменувано име како наследник на Заев е Димитар Ковачевски, човекот кој деновиве се појавува на секоја средба со претседателот на СДСМ и премиер во заминување. Од СДСМ признаваат дека на состанокот на Централното претседателство се разговарало за интелектуалните и политички вредности на Ковачевски. Кандидатурата ја потврди и самиот Ковачевски, истакнувајќи дека ќе ја поднесе во текот на неделата.

Заев за првпат беше избран начело на СДСМ во 2013 година. Во 2017 година тој беше реизбран за вториот мандат и четири години подоцна за неговиот трет мандат како претседател на Социјалдемократите. Во својата политичка кариера Заев е запаметен како лидер кој ја објави аферата со прислушувањето во 2015 година. Една година подоцна го потпиша Пржинскиот договор. Во 2017 година формираше Влада и потпиша договори за добрососедство со Бугарија, додека во 2018 година постигна договор со Грција за прашањето за името, пакт со кој Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас беа номинирани за највисоката меѓународна награда за мир. Во 2019 година го водеше процесот на уставни измени, додека на изборите во 2020 година првпат како претседател на СДСМ успеа да ја победи ВМРО ДПМНЕ со малку поголем број пратеници. Неговата оставка доаѓа по фијаското на локалните избори во октомври. За време на неговиот мандат, Македонија стана членка на НАТО и го спроведе пописот, а не успеа да добие датум за преговори со ЕУ. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button