ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

На 350 000 вакцини им истекува рокот на крајот на годината

На 350 000 вакцини им истекува рокот на крајот на годината

На 350.000 вакцини против Ковид им истекува рокот до крајот на годината. Иако 100 илјади дози Модерна се донирани од Хрватска, до крајот на октомври тие ќе завршат на отпадот „Дрисла“. Другата донација од Италија од 250.000 дози имаат рок најдоцна до декември, каде според динамиката на вакцинација во земјава, дел од нив ќе останат неискористени. На примопредавањето на опрема набавена преку европскиот гранд EU4HEALTH, министерот Сали рече дека ќе го откажат тендерот за набавка на вакцини од „Фајзер“. Според договорот до крај на годинава ќе треба да се купат половина милион вакцини против КОВИД.

„Имавме продолжување на договорот за овие шест месеци: од 31.06-31.12, обезбедувањето на тие вакцини ќе значеше дека плаќаме за вакцини што нема да ги користиме. Решивме да не ги нарачаме тие 500.000 вакцини во овој период бидејќи не ни се потребни. Тие пари ќе бидат наменети за други потреби на здравствениот сектор. Договорот не е за да платиме казни, договорот беше отворен да купиме количини, кои ќе можеме да ги искористиме, немаме други обврски“, изјави Беким Сали, министер за здравство.

Од Министерството за здравство велат дека интересот за вакцинација е паднат бидејќи нема многу ново заразени, а за една недела не се примаат повеќе од илјада вакцини во цела држава..
Сепак извештајот на Институтот за јавно здравје покажува и помал број на имунизирани односно за една недела биле вакцинирани само околу 300 лица, повеќето со бустер дози.

„Бројот на примени дози во неделата што ја оставивме зад нас достигнува 317 граѓани, од кои 40 се вакцинирале со прва доза, 26 ја примиле втората доза, 108 ја примениле третата доза, а 143 ја примиле четвртата доза. До 3 септември 2022 година, повеќе од 875 илјади лица се вакцинирани со најмалку една доза против КОВИД-19 во земјава и во странство. Со две дози, повеќе од 856 илјади граѓани се целосно имунизирани“, велат од Институт за јавно здравје.

Домовите за вакцинација се речиси празни. Работат со скратено работно време. Во Скопје ,поликлиниките Чаир и Јане Сандански, работат прва смена од 8 до 16 часот, во поликлиниката Букурешт, анти-ковид имунизација може да се врши од 14 до 19 часот секој работен ден.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button