ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На Бадник тројца граѓани на Кичево каснати од кучиња скитници

Граѓаните на Кичево и во новата година се судираат со истите проблеми кои ги имаа од претходно, меѓу кои најголемиот и најгорлив секако е опасноста што ги демне од кучињата скитници, кои во градот ги има во енормен број.

– Само во текот на вчерашниот ден на две улици во Кичево од кучиња скитници настрадаа тројца негови жители. Двајца жители се каснати на улица „Маршал Тито“, а се работи за ПС (69 ) и АМ (46)години. Третиот напад се случил на улица „Јанко Михајлоски“, каде што беше нападнат Н.С.( 26) од Кичево, информира портпаролот Стефан Димоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button