ВЕСТИЕКОНОМИЈА

На берзите цената на гасот е 60 €, но Македонија го купува за 98 €

Цената на гасот на берзата е пониска од онаа што државата ја плати за февруари. Првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски признава дека во моментов цената на гасот на берзата е пониска од онаа на Балкан Јутилити, бугарската компанија од која државните електрани решија да купуваат природен гас. Моментално берзанската цена е околу 60€/MWh и има надолен тренд, а договорот со бугарската компанија е 98€/MWh.

Advertisements

Но, Васко Ковачевски уверува дека берзите се непредвидливи и кога гасот ќе поскапел, граѓаните ќе биле заштитени. Тој тврди дека во наредниот период ќе се направи анализа за набавка на енергенси, која треба да даде јасна слика дали државата платила повеќе или помалку.

За скопските топлани ЕСМ на почетокот на грејната сезона купи гас за период од две недели, со образложение дека таквата опција е подобра поради промените на берзата. ЕСМ до Владата, Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика ќе достави извештај за сите набавки на енергија од почетокот на кризата, па сè до јануари. Во меѓувреме, првиот регулатор, Марко Бислимовски, најави дека цената на сметките за парно греење нема да се ревидираат пред јули. Според него, иако цената на гасот на берзите паѓа, без државната субвенција сметите би биле повисоки.

Конечните пресметки на цената покажуваат дека со изборот на бугарската компанија со фиксни цени, државата ќе плати 1 милион евра повеќе за гас во јануари, а во февруари и уште повеќе од месецов. Надлежните соопштија дека „Балкан Јутилитис“ се снабдува со гас од Турција, Северна Африка и многу малку од Русија.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button