ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

На битолчани РЕК им е во дворот, но стравуваат дека ќе немаат струја

На битолчани РЕК им е во дворот, но стравуваат дека ќе немаат струја

Иако најголемиот производител на електрична енергија во државата РЕК Битола, им е во непосредна близина, жителите на Битола стравуваат како ќе ја поминат претстојната зима. Велат дека би било срамота, ако дојде до рестрикции во снабдувањето со струја, кога секојдневно го дишат чадот кој доаѓа од РЕК, од користењето на јаглен за добивање на електрична енергија.

„Се очекува да биде тешко, штом се увезува струја. И не зависи тоа од нас. Земав и печка на плин, ако нема струја. Мора да се бара алтернативно решение. РЕК Битола е овде, ама тоа е што не се планира…“, рече еден граѓанин.

„Претешко ќе биде, не тешко. Битола е заразена со многу болести. РЕК конкретно и никој не води сметка за Битола…“, нагласи друг граѓанин.

„Јас имам парно и стравувам. Немам дрва. Имам еден калорекс печка ја донесов во станот. Ќе биде тешко“, рече еден граѓанин.

„Лани пак ни дојде снегот. Годинава ако биде како лани, нема да биде баш едноставно“, рече друг граѓанин.

„Ние се грееме на дрва, ама ќе треба дупло повеќе дрва да се потрошат, ако е многу ладна зимата. Уште не се дојдени, а ни се платени од февруари, преку пензионерите. Што велат? Дрвата уште растеле во шумата..!“, додаде друг граѓанин.

Сопствениците на угостителски објекти во градот ги загрижуваат најавите за нови рестриктивни мерки врз секторот оваа зима.

„…Слушнавме дека ќе било забрането на терасите да се грее. Доста од колегите ќе се преструктуираат. Ако трошеле струја, ќе трошат нафта или пелети…“, изјави Марио Трифуноски-претседател на Клуб Еснаф-Битола.

Сепак дел од угостителите во Битола планираат на зима да затворат, други пак да затворат дел од капацитетот или нема да работат одредени денови во неделата./Alsat.mk

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button