ВЕСТИСВЕТ

На Европа ѝ недостигаат околу 1.000 контролори на летање

Европа се соочува со недостиг на околу 1.000 контролори на летање, како резултат на недоволната заинтересираност на младите за оваа професија која ја карактеризираат постојани обуки и надградби, нефлексибилно работно време и прекувремена работа.

Според извршниот потпретседател на Меѓународната федерација на асоцијации на контролори на летање, Фредерик Дело, главна причина за недостигот на кадар за контролните кули на аеродромите е тоа што за оваа професија е потребно повеќегодишно стручно усовршување.

Една стандардна програма за обука на контролори за летање, како онаа што ја спроведува Евроконтрол, опфаќа теоретска настава на воздухопловни универзитети, тренинзи на симулатори и практична обука во контролните центри. Кандидатите, исто така, мора да исполнат и други строги критериуми, кои вклучуваат одредено ниво на кондиција, слух и вид, познавање на англискиот јазик и математика, како и да се помлади од 27 години на стартот на обуката.

– Не можеме постојано да ги притискаме луѓето. Прекувремена работа има и свои граници, бидејќи сме безбедносно ризична професија. Не можеме постојано да бараме од луѓето да доаѓаат на работа по 12 часа или да работат шест од седум дена во неделата, со што ризикуваме во еден момент да превидат нешто или да се случи инцидент, изјави Дело за „Политико“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button