ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На Кардиологија успешна трансплантација на срце кај 27-годишно момче

Неколку часа по полноќ на Клиниката за кардиологија зачука новото срце на 27-годишно момче од донор од девојка на слична возраст која починала како последица од сообраќајка.

Министерот за здравство Венко Филипче за МИА потврди дека операцијата е успешна.

-Срцето е прифатено, пациентот постепено се буди, истакна Филипче.

Министерот утрово информираше дека во 3 часот и 33 минути кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце.

-Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше. Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги, напиша пред малку министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил.

Филипче вчера изјави дека починала млада пациентка и добиле согласност од нејзините родители за донирање органи.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button