На Клиниката „8 Септември“ продолжуваат да се лекуваат повредените во тешката трагедија во Кочани
На Клиниката „8 Септември“ продолжуваат да се лекуваат повредените во тешката трагедија во Кочани

На Клиниката „8 Септември“ продолжуваат да се лекуваат повредените во тешката трагедија во Кочани. Од вкупно 32 повредени лица кои се згрижени во оваа болница, 13 се испратени на натамошно лекување во соседните и европските земји. Од хоспитализираните 7 се на интензивна нега, а останатите се во стабилна состојба. Директорот на „8 Септември“ рече дека не може да се зборува за состојбата на пациентите бидејќи таа се менува од час во час.
Во меѓувреме, директорот на Фондот за здравство рече дека здравствените власти прават се за да им дадат соодветни услуги на повредените. Според него, капацитетите во соседните земји се пополнети и поради оваа причина сите други критични случаи ќе бидат испратени во европските земји односно во Холандија, Италија и Белгија.
Клековски апелираше до членовите на семејството да не веруваат на дезинформации за состојбата на повредените. За евентуална промена на нивната состојба, Клековски рече дека членовите на семејството ќе бидат навремено известени./Алсат.мк
Мелихате Рустеми