ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На најавената дигитализација на учебници се спротивставуваат и ветераните во образованието

Бројните аргументи на родителите, наставниците и самите ученици против дигитализацијата, извадија на виделина долг список на недостатоци пред да започне спроведувањето на реформата. Ветеранот во образованието, Авзи Мустафа проценува дека секоја избрзана одлука или реформа е без сомнение предодредена да пропадне. Вели дека преку учење од дигитални книги, децата ќе почнат да забораваат, бидејќи опкружени со технологија, тие прифаќаат често непотребни информации.

„Немаме никаква анализа за да видиме кои се позитивните аспекти на класичниот учебник и кои се позитивните аспекти на дигиталниот. Но, не е суштината на учењето да добијат учениците само знаење. Да го поврзам со дигиталните книги, ни наставниците, ни учениците не се подготвени со дигитални вештини. Прашањето за образованието е демократско прашање и ако е демократско, дозволете му на ученикот да учи како што сака”, вели проф. Мустафа.

Невраќањето на учениците во училиштата и немањето план тоа да се случи во септември, Мустафа смета дека е апсурд, бидејќи според него нема логика улиците и кафулињата да бидат полни, а клупите празни.

“Не се подготвени, но има и други лоши работи. Тие сакаат да заштедат затоа не сакаат да отвораат училишта со физичко присуство. Улиците полни, кафулињата полни, а училиштето не. Затоа, тие сакаат да ја префрлат вината во Бирото или на Комисијата за здравство. Тоа е нетолерантно за мене”, додава проф. Мустафа.

Мустафа, исто така, се спротивставува на делот за централизирање на издавањето на учебници. И покрај бројните реакции, министерката Царовска не се откажува од идејата за законски измени што би довеле до дигитализација на учебниците.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button