ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На пладневните горештини тетовчани со часови чекаат за вакцинација

Со часови се чека пред пунктот за вакцинација во Тетово. Граѓаните се жалат дека долгото чекање на толку високи температури негативно влијае на нивното здравје. Имаше дури и граѓани кои изгубија свест додека чекаа во ред за да се вакцинираат.

„Проблемот е што тие што требаше да дојдат на време не дојдоа, сега дојдоа и направија гужва…. Пред малку, на еден му се слоши од жештината…

„Има многу проблеми, многу проблеми со температурите, особено ние постарите од 60 години имаме проблем, но што да сториме дојдовме да ја примиме вакцината…“

Новинар: Кога сте го закажале терминот?

„Во 8:40, но овие викале и вчерашни. Одете и прашајте го министерот за здравство зошто се случува ова“, реагираат граѓаните.

Докторите од пунктовите за вакцинација велат дека одложувања се јавуваат поради непочитување на терминот, но и избор на вакцина.

„.. Бидејќи терминот важи седум дена, тие ја користат можноста да дојдат денес или вчера каде што беше хаос, доаѓаат за Фајзер. Овие го прават хаосот со термините“, вели доктор Ардит Алити.

„Доцнењето е што има многу дадени термини од Министерството за здравство, имаме од 1500 до 1700 термини на ден. Одложувањата се прават и затоа што пациентите не доаѓаат истиот ден, туку следниот ден затоа што имавме друг вид вакцина и го одложивме терминот поради видот на вакцината“, изјави Дрита Зибери, главна сестра.

Инаку, до денес, бројот на вакцинирани во регионалниот пункт за имунизација во Тетово, надмина 20.000.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button