СВЕТ

На погребот на папата Франциск се очекуваат над 200 илјади луѓе

Над 200 илјади луѓе се очекува да присуствуваат на погребот на папата Франциск оваа сабота.

Многубројни шефови на држави и кралски членови го потврдија своето присуство на погребната церемонија, вклучително и принцот Вилијам, американскиот претседател Доналд Трамп, шпанскиот крал Фелипе Шести и кралицата Летиција, како и францускиот претседател Емануел Макрон.

Advertisements

Свое присуство на погребот најавија и бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, полскиот претседател Анджеј Дуда, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Хавиер Милеи, претседателот на Аргентина (родната земја на папата Франциск), британскиот премиер Кир Стармер, како и италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Погребната церемонија ќе почне во сабота во 10 часот на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан. Службата ќе ја води деканот на Колеџот за кардинали, кардинал Џовани Батиста Ре, а ќе сослужуваат патријарси, кардинали, архиепископи, бискупи и свештеници од целиот свет.

Кардиналот Батиста Ре ќе ја каже завршната молитва, а телото на папата потоа ќе биде преместено во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим каде што ќе се одржи самиот погреб.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button