РЕГИОН

На референдумот во Србија одобрени уставните промени во судството

Гласачите во Србија на вчерашниот референдум ги одобрија уставните амандмани за судството, покажуваат прелиминарните резултати од гласањето. Измените се однесуваат на изборот на судии и обвинители за кои владата вели дека ќе му дадат поголема независност на судството и ќе го намалат политичкото влијание.

Соединетите држави и европските држави ги поддржаа амандманите, кои се сметаат за клучен елемент за балканската земја да ја унапреди својата кандидатура за пристап во Европската унија. Промените беа усвоени со 60 насто поддршка, според прелиминарните резултати со 97 отсто преброени гласови. Излезноста беше само околу 30 отсто.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button