ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Bo сила стапија новите мерки за влез во државава

Од денеска оние кои имаат намера да поминат на некој од граничните премини на Македонија, задолжително освен пасош или лична карта потребен им е и сертификат за извршена вакцинација, доказ за прележан ковид 19 не постар од 45 дена или негативен ПЦР тест. Отстапка владата реши да направи само за професионалните транспортери на товарни моторни возила. Од владата информираат дека невакцинираните граѓани треба да направат тест во лабораториите, бидејќи нема да можат тоа да го сторат на границите и ќе бидат вратени назад.

„Мерката е израз и наша определба да направиме се што е потребно нашата земја да се препознае како земја која води активни политики за имунизација и која не треба да се препознава како земја извозник на вирусот. Треба да се има предвид дека постапка за обезбедување доказ за вакцинација или за прележан ковид 19 е вообичаена постапка за проверка на граничните премини при влез во огромен број европски и светски земји која граѓаните секако треба да ја испочитуваат и затоа оваа мерка во голем процент и се спроведува.“

Инаку, доколку граѓаните немаат ниту еден од овие документи, а бидат затечени на некој од граничните премини, во тој случај од владата информираат дека патниците одат во задолжителен домашен карантин од седум дена. Карантинот може да се скрати на пет дена доколку во тој период биде приложен негативен ПЦР тест за ковид 19.

Ile Petrevski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button