ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На „Скендербег“ положени венци за оддавање почит на загинатите во автобуската трагедија

На плоштадот „Скендербег“ во Скопје, каде што ќе можат граѓаните да оддадат почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија, веќе се започна со положување венци.

Во меѓувреме на скопскиот аеродром пристигнаа двата бугарски воени авиона со кои се пренесени телата на загинатите.

Од Министерството за надворешни работи од претходно известија дека на барање на семејствата на загинатите откажана е поворката која требаше да помине низ главниот град.

Полетувањето на авионите со кои телата треба да пристигнат во земјава засега е одложено на неколку часови поради лоши временски услови на аеродромот во Софија.

Како што е најавено, на церемонијата се очекува да присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Благој Бочварски, пратеници и поглаварот на исламската верска заедница.

Големата автобуска несреќа во која животот го загубија 45 македонски државјани се случи на 23 ноември на патот „Струма“ во близина на градот Перник, Бугарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button