ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На Табановце за влез во државава се чека половина час

Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државава е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, информира Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button