ВЕСТИСПОРТФУДБАЛ

На Тотенхем му „прекипа“ – Отказ за Мурињо!

Тотнем утринава го отпушти Жозе Мурињо, пренесуваат британските медиуми. Како што се наведува, клубот не му дозволи ниту да го одигра финалето од Лига Купот во кое имаше шанси да им донесе трофеј кој толку го посакуваат.

Се очекуваше дека Мурињо ќе добие отказ од раководството на Тотнем, но неочекувано е што тој доаѓа пред финалето од Карабао Купот.
Отказот доаѓа и веднаш по објавата на учеството на Тотнем во Суперлигата, па не се исклучува можноста за некаква поврзаност со став на Мурињо за неа.
Мурињо дојде на местото на Маурицио Покетино, но не успеа да ги исполни очекувањата на челниците на клубот. Тотнем е првиот клуб во кариерата на Мурињо со кој не успеа да освои трофеј.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button