ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наближуваат 3 години од Преспанскиот договор, Скопје и Атина „тапкаат во место“ со другите обврски

Сè уште не е познато кога ќе бидат ревидирани учебниците по историја во С. Македонија и во Грција, иако Договорот од Преспа, потпишан пред околу три години, бараше нивна ревизија во рок од една година од потпишувањето, а Преспанскиот договор беше потпишан во јуни 2018 година. Шефот на интер-дисциплинарната комисија, Виктор Габер, за Алсат признава дека напредок тешко може да се постигне „онлајн“ поради пандемијата, па затоа чекаат покана од грчките колеги за седмиот конвенционален состанок оваа пролет.

Од друга страна, првиот човек на Комисијата за трговски марки, Ѓорѓи Филипов вели дека работат со бизнисите од двете земји кои, според него, немаат никакви проблеми.

Владата не посочува дали ја анализирала имплементацијата на Договорот од Преспа и Акциониот план, односно во кои области има напредок, а во кои – стагнација. Позитивен тренд во билатералните односи Владата виде по средбата меѓу министрите за надворешни работи Османи и Дендијас во јануари, но не беше посочено дали е нешто направено во однос ан забелешките кои тогаш ги упати Дендијас.

Потребен е поголем напредок во одржливото спроведување на терминологијата од страна на сите јавни институции и приватни субјекти, вклучително и веб-страници. Од друга страна, отстранување на програмата на антиквизација, отстранување на Сонцето од Вергина од сите јавни места, употреба и преименување на улиците и јавните објекти – изјави Никос Дендиас, министер за надворешни работи на Грција.

Акцискиот план, меѓу другото, предвидува и договор за избегнување на двојното царинење, формирање мрежа на здруженија на земјоделски производители, изградба на железнички и патни линии Солун-Скопје-Белград, пуштање во употреба на железничката линија Лерин-Битола и отворање на граничните премини Лемос-Маркова Нога и Промакои-Мајден.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button