ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Начинот на изборот на Абази покажува дека се потребни дополнителни реформи во правосудството, смета Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека со согласува со ставот на Амбасадата на САД во земјава во однос на изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и смета дека се потребни дополнителни реформи во правосудниот систем на државата.

-Јас се согласувам со изјавата на Американската амбасада. Морам да бидам искрен. Можам тука да ви кажам слободно дека како претседател на Владата и како Влада, зборувам министрите, ние немавме никаков удел во изборот на шеф на Обвинителството за организиран криминал, со оглед на тоа дека се работеше за непосреден избор помеѓу самите обвинители и фелата. Како бил направен изборот, тоа може да ви го кажат најдобро обвинителите. Дали е според сите стандарди и според сите принципи на добро владеење? Тоа исто така може да ви го кажат самите обвинители или пак оние институции вклучително и меѓународни институции коишто учествувале во спроведувањето на реформите во обвинителскиот систем во државата. Сметам дека на тој систем му се потребни уште реформи, уште унапредувања. Правосудниот систем во државата има кредибилитет од осум проценти. Сметам дека пред нив има огромна работа и треба да покажат дека можат граѓаните и институциите да веруваат во тој систем, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за коментар за ставот на Американската амбасада.

Амбасадорката на САД земјава, Анџела Агелер во петокот упати критика за изборот на нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button