ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Над 230 илјади граѓани се вакцинирани во земјава

Во последните 24 часа, од вкупно 3.777 извршени тестови, има 33 ново заразаени со корона вирус. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека 92 пациенти се излекувани, а 11 лица починале.

Во меѓувреме, процесот на вакцинација продолжува да тече. Досега се вакцинирани над 233.000 граѓани од околу 430.000 регистрирани. Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави дека од утре ќе профункционира веб – страницата vakcinacija.mk/revaccination, која ќе служи за регистрација на граѓаните кои биле вакцинирани во странство, а кои сакаат да ја земат втората доза во Македонија.

Сопствениците на угостителските објекти ја поздравија препораката на Комисијата за заразни болести за олеснување на мерките, велејќи дека ги чекаат деталите за протоколот за организирање свадби.

Од Иницијативниот одбор за организирање настани рекоа дека ќе побараат објектите што немаат надворешен простор, да можат да работат со половина капацитет во затворен амбиент. Комисијата за заразни болести препорача да се дозволи организирање свадби, но под услов на маса да има само шест лица, додека угостителските објекти да не организираат настани со повеќе од 100 гости.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button