ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Над половина од жителите на село Селце во Тетово се заразени со корона вирус

Во селото Селце во општина Тетово, наставата со физичко присуство за некои ученици се уште не е започната. Повеќе од половина од жителите се заразени со корона вирус. Некои ученици се изолирани, додека некои родители намерно не ги носат своите деца на училиште од страв да не бидат заразени со коронавирус. Тие бараат наставниот процес со физичко присуство да продолжи најмалку после две недели, бидејќи ситуацијата во нивното село е крајно сериозна.

 

„Малите деца не треба да бидат пуштени во училиште. Малите не знаат како да се заштитат“.

„Треба да паузираат за да помине ова, еден месец, а потоа нека продолжат еден месец подоцна до крајот на годината.

„Врз основа на ситуацијата што ни се случи, постои малку страв. Сепак, родителите, децата и наставниците мора да бидат внимателни. Добро е да има забрана за децата, најмалку две недели да се грижиме додека состојбата не се стабилизира. Затоа што сме во критична состојба“

Но, директорот на училиштето, Мирибане Абдиу, ги повика родителите да ги носат своите деца на училиште. Според неа, здравствените протоколи се почитуваат во училиштето.

„Во нашето училиште се почитуваат сите протоколи и апелирам до родителите да ги носат своите деца на училиште. Училиштето е дезинфицирано. Се обидуваме да држиме дистанца и се е во ред“, изјави Мирибане Абдиу- директорка на О.У „Рилиндја“- Селце.

Во ова село повеќето од жителите не се вакцинирани. Бараат од Здравствениот дом мобилна точка за вакцинација.

„Има многумина што ја примиле вакцината, но има и такви што не земале, затоа што овде во нашата клиника имаше само еднаш лекар за вакцина. Моравме да одиме почесто, не само во Тетово кај тие гужви и потоа го добивме вирусот, нормално е дека се добива“.

„Не е лошо да се земе вакцина, бидејќи тоа е заштита.“

Бројот на жртви од ковид 19 е исто така висок во Селце. Пред една недела во ова село беше забележана најмладата жртва од ковид 19, 15 – годишно  девојче.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button