СПОРТ

Надал ја демантира веста дека ќе учествува во турнирот во Монте Карло?

Натпреварите во Монте Карло почнуваат на 8 април, но Рафаел Надал, на десет дена до турнирот не знае дали ќе учествува и затоа демантираше дека сигурно ќе настапи, како што медиумите низ Европа веќе објавија.

„Уште не можам да потврдам дека ќе бидам во Монте Карло, воопшто не ми е јасно од каде излезе таа информација. Да беше точна, јас ќе ја потврдев, но за жал не е така“, изјавил „кралот на земјените терени“, за медиумите во Шпанија.

Точно е дека тој е пријавен за учество во Монте Карло, па и во Барселона, една недела подоцна, но пријавувањето на турнири е задолжителна пракса на тенисерите и не значи дека со сигурност ќе настапат.

Надал е 11-кратен освојувач на Монте Карло, но фокусот сигурно му е Ролан Гарос, па не би ризикувал да игра ако не е подготвен. Ланскиот грен-слем во Париз е последниот турнир на кој освоил пехар, така што очигледно е дека е далеку од својата најдобра форма.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button