ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Надлежните немоќни да се справат со злоупотребата на деца

Надлежните немоќни да се справат со злоупотребата на деца

Полицијата, општината и Центарот за социјални работи, креваат раменици во однос на решавање на проблемот со големиот број на питачи во Струга, кој е особено присутен во текот на летниот период. Сите се правдаат дека имаат ограничени надлежности.

Станува збор за организирана појава, а добар дел од оние кои питачат се малолетни лица. Иако сите велат дека преземат мерки и дека се присутни на терен, сликата од струшките улици говори за сосема нешто друго.

„ 99% од нив немаат никаква лична идентификација. Немаат ни име ни презиме. Луѓето ги приведуваме во станица, ги сликаме. Велат од Велес,Прилеп сме. Се јавуваме во институциите таму, велат тоа лице не постои во Прилеп и Велес. Неможеме да ги затвориме тие лица туку така.Ниту пак имаме простории каде да ги чуваме тие лица. Во полициска станица неможеме да ги приведеме ни тие деца“, изјави Абдулкерим Камбери-командир на полициска станица Струга.

„Добро е да се знае дека тие деца, доаѓаат со нивните семејства. Кога ќе сретнеме некое дете или деца на улица, ние го отстрануваме. Врз нив се врши голема злоупотреба. Најчесто потекнуваат од Штип и Битола“, рече Мевмет Халили-директор на Центар за социјални работи.

Градоначалникот Мерко, вели дека е тешко проблемот да се искорени во целост, бидејки ниту еден од питачите не бил од Струга.

„ Преземени се максимални мерки но за жал, како што гледате, бројот се зголемува. Јас имав и малку проблеми со Европската комисија, за заштита на Ромите, затоа што сум рекол питачи. Не сум рекол дека тие се Роми, Македонци, Албанци итн.Стигнати ми се 15 писма од Европската комисија, но велам дека никогаш не сум рекол во нашите средби за етнитетот за питачите во нашиот град“, рече Рамиз Мерко-градоначалник на Струга.

Договорено е од наредната недела да се формираат мобилни тимови, составени од претставници на МВР, Центарот за социјални работи и градските советници, кои би биле присутни на терен./Alsat.mk

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button