ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Надминат е проблемот со недостиг на инсулин

Надминат е проблемот со недостиг на инсулин

Неколку дена по објавата на Алсат дека има недостиг на инсулин, административниот проблем е решен. Од Сојузот на здруженија на дијабетичари велат дека се информирани дека се надминати сите пречки и се обработени инсулинските единици во сите градови.

Во време кога 12% од населението во земјата е погодено од дијабетес, со недели недостасува инсулинска терапија. Од Сојузот на здруженија на дијабетичари велат дека во некои болници, здравствени домови и амбуланти на пациентите со дијабетес не им се нудат сите видови на ампуларни терапии.

„Во моментов сме во фаза на завршување на стариот тендер, за да нема недостиг од инсулин. До крајот на годинава мора да се распише нов јавен оглас за следните две години за набавка на инсулин и друга опрема“, велат од Министерство за здравство.

Дел од пациентите пак  се принудени да купуваат таблети кои се скапи и не се на позитивната листа.

Според официјалните податоци, 135.000 граѓани се заболени од дијабетес, од кои 600 се на возраст под 18 години. Во пост-ковид-периодот се дијагностицирани 8.000 пациенти со дијабетес, оваа бројка значително ја зголеми потребата за инсулин и таблети.  До 2030 година се очекува секој 9 граѓанин во земјава да биде погоден од дијабетес./Alsat.mk

 

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button