
Поради високите цени на намирниците, во петокот на 24 јануари граѓаните низ Хрватска ги бојкотираа продавниците, за што веќе пишувавме.
Овој пат организаторите најавуваат уште поширок бојкот, за петок, 31 јануари.
– Ќе ги бојкотираме сите форми на шопинг – најави Јосип Келемен. Тој повика и на бојкот на три трговски синџири во следните три недели.
Само до 16 часот попладне, во петокот, во секторот трговија на мало биле оданочени 32 отсто помалку поединечни фактури во однос на претходниот петок, а износот на фактурите е помал за 37 отсто. Ако се земат предвид сите индустрии, податоците се малку послаби, но сепак сугерираат дека потрошувачите одлучиле да испратат прилично силна порака. Во сите сектори, бројот на поединечни фактури е за 29 отсто помал од минатиот петок, а износот на фактурите е помал за 31 отсто, што упатува на тоа дека бојкотот на продавниците успешно се прелеа и во другите сектори, соопштија организаторите на бојкотот.