ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Најавите од Германија дека бара работна сила, го зголемија интересот за учење германски јазик

Еви 1 17.09.2021 (апликации за Германија) Германија останува една од најпосакуваните земји за граѓаните, а информациите објавени од Федералната агенција за вработување во текот на август дека бараат илјадници работници, со ентузијазам ја примија  многу граѓани. Ова го покажува големиот број луѓе кои се регистрираат за да научат германски јазик. Беким Камбери од центарот за курсеви по странски јазици, вели дека бројот на курсисти е висок, и покрај околностите поради пандемијата и одложувањето на термини за визи.

“Во последно време, по летните одмори, интересот за учење германски јазик се зголеми, бидејќи од 1 септември, германската амбасада, повторно започна со издавање на визи. Имаме информации од Германската амбасада дека во текот на септември имало околу 50 илјади кликови на страницата на која се аплицира за виза“-рече Беким Камбери- Центар за курсеви по германски јазик.

Тој вели дека од регистрираните курсисти, многу мал е бројот на тие што планираат да останат во Северна Македонија и да се вработат овде.

“Имаме многу малку луѓе кои учат германски и сакаат да останат тука.  Има и такви кои се навистина разочарани. Има многу млади луѓе кои завршиле академски студии и се соочуваат со тешкотии при вработување. Сега единствен начин е ова, бидејќи Германија како една од најмоќните европски земји нуди програми за кои е потребна работна сила. Така, повеќето млади се подготвени да заминат во Германија. Подобро да се вработи таму, отколку тука” -рече Беким Камбери- Центар за курсеви по германски јазик.

Во текот на 2020 година, 1625 лица добиле позитивни одговори за виза. Од германската амбасада велат дека за категоријата „неквалификувани работници од Западен Балкан“,  дадени се на годишно нивно вкупно 25.000 визи. Од таа квота, 4.750 визи  се за земјава..

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button